MJП „Проаква“:Водата за пиење во Струга и струшко е потполно чиста

- Македонија
761

MЈП „Проаква“ преку соопштение за јавност извести дека  врз основа на последните анализи направени од страна на Заводот за Јавно Здравје во Охрид за квалитетот на водата за пиење, утврдено е дека водата како во изворот,  во центарот на градот,  така и до сите најдалечни села во рамките на Општина Струга, ОДГОВАРА на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл. Весник на РМ 183/2018).
„Ова значи дека водата е потполно чиста и здрава за пиење и  ние како јавно претпријатие задолжени за оваа работа ќе се потрудиме и во иднина да продолжи на овој начин. “ – информираат од претпријатието.

Strugaonline

Facebook Коментари