Карлес Пучдемон: Каталонија ќе прогласи независност во следните неколку денови

- Свет
1053

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон во изјава за странските медиумите вели дека пребројувањето на гласовите од референдумот за независност ќе заврши до крајот на неделата и областа најверојатно ќе преземе акции за време на викендот или  на почетокот на следната недела. Според неговата изјава за Би-Би-Си, Каталонија ќе прогласи независност во следните неколку денови.

Шпанскиот крал Филип,  претходно актуелната ситуација во Каталонија  ја оцени како  „многу сериозна“.
Два дена откако беше одржан референдумот  за независност во Каталонија, шпанскиот крал наведе дека каталонските лидери ги прекршиле законите на земјата и покажале „недозволиво отсуство на лојалност“.
Тој , исто така констатираше дека како што вели  „неодговорното однесување“ на каталонските лидери може да ја изложи на ризик економската стабилност на Шпанија.

Facebook Коментари