Новинарка од руското радио „Ехото на Москва“ избодена со нож

- Свет
1013

Непознат маж влегол во станицата на московското радио „Ехото на Москва“  и со нож нападнал новинарка при што ја избодел во вратот.

Станува збор за новинарката , Татијана Фелгенгауер, која се обидела да го спречи да влезе во просториите на „Ехо радио Москва“

Напаѓачот е совладан и предаден на обезбедувањето на радиото, а потоа и на полицијата.

Фелгенгауер е пренесена вo болница и нема опасност за нејзиниот живот, истакнале  лекарските екипи.

Засега не е познат мотивот за нападот, ниту е соопштен идентитетот на напаѓачот.

Facebook Коментари