Во која земја во светот живеат најздравите луѓе?

- Свет
886

Blomberg Global Health Index направи  листа на земји каде луѓето имаат најдобро здравје, а со тоа и најдолг животен век.

Државите биле оценувани според очекуваниот животен век, причините за смртност како и според здравствените ризици. – пренесе index.hr

Титулата за најздрава држава на светот ја носи Италија. Бебе родено во таа земја има очекуван животен век од 80 до 90 години. Парадоксот на оваа титула е во тоа што италијанската економија стагнира со децении, а податоците говорат дека 40% од младите се невработени.

Меѓутоа, благодарение на медитеранскиот начин на живот Италијанците се во многу подобра форма од жителите на Америка, Британија и Канда кои имаат проблеми со холестеролот, менталното здравје и високиот крвен притисок.

Одма зад Италија следуваат: Исланд, Швајцарија, Сингапур и Австралија

 

Facebook Коментари