LORD OF THE DANCE, светските господари на танцот вечерва настапуваат во Скопје!

- Забава
889

Светскиот музичко-сценски спектакл и врвна танчерска трупа LORD OF THE DANCE  денеска, среда 11-ти април, настапува во вип арената „Борис Трајковски“ во Скопје! Најдоброто танчерско шоу на светот се враќа кај нас по цели 10 години и вкупно 5-те распродадени настапи пред македонската публика и тоа овој пат со целосно новото шоу „Опасни игри“ кое ја претставува неверојатната авантура во борбата помеѓу доброто и злото. Во оваа прилика LORD OF THE DANCE ќе го претстави пред македонската публика најдоброто од ирскиот фолклор со енергичност, уиграност, врвна танчерска вештина и сценска екстраваганција.

Комбинацијата на музика и танц ќе ја долови магичната приказна чии традиционални вредности се релевантни и во современиот контекст, а за тоа ќе придонесе и најсовремената технологија која ја збогатува сценографијата, со многу специјални и светлосни ефекти, видео проекции, вкупно 34 извонредни танчери на сцена, како и врвни акробати од светски калибар.

Lord of the Dance премиерното претставување го имаше пред повеќе од две децении на сцената на величенствениот лондонски театар „Колисеум“, а пред само неколку години доживеа и спектакуларна преобразба во новото светско сценско шоу уште повозбудливо од оригиналот, и тоа токму под режисерската палка на славниот сопственик на Гинисов рекорд Мајкл Флетли.

Вечерва, македонската публика со овој настап ќе има прилика да ја погледне музичко-танцовата претстава и спектакл кој уште од праизведбата во славната Вембли Арена од 1998-ма година сѐ уште го држи светскиот рекорд од 21 во низа распродадени изведби.

Kако специјален гостин на овој ексклузивен настан во организација на Таксират Фестивал и Пасворд Продакшн, со свој настап пред публиката ќе се претстави и ансамблот ТАНЕЦ – светски докажаниот амбасадор на македонскиот фолклор кој веќе шест децении претставува уникатен симбол на македонската култура и уметност!

Влезот за посетителите во „Борис Трајковски“ арена ќе биде отворен од 19:00 часот.
Настапот на ТАНЕЦ е закажан во 19:30 часот, а двочасовното шоу на LORD OF THE DANCE ќе започне во 20:15 часот.

Препуштете се во прегратката на извонредниот танц кој ќе ве одведе на патување исполнето со енергија и страст…“ – ни порачува екипата на LORD OF THE DANCE која утре ја пречекуваме во Скопје!

Strugaonline

Facebook Коментари