Њујоршкиот тандем кој го освои светот, Sofi Tukker на EXIT фестивал!

- Забава
751

Веста дека најголемиот алт-рок бенд на сите времиња The Cure ќе го отвори EXIT фестивал на 4-ти јули силно одекна во цела Европа, поради што и првата серија влезници се распродаде за само 13 минути! А меѓу првите предвесници на импресивната и секогаш разновидна програма, за овогодишниот EXIT е и њујоршкиот тандем во стреловит подем на светската сцена – Sofi Tukker! Молскавичниот успех го започнаа со синглот „Drinkee“, за светот да го освојат со мега-хитот „Best Friend“, кој ги лансира меѓу новите херои на помладата генерација. На заразноста на оваа мелодија не ѝ одолеа ни Apple, користејќи ја за рекламата за мегапопуларниот Iphone X, како ниту EA sports, кои пак ја вклучија во музиката за славната видео-игра FIFA 18. Медиумите ги опишуваат како „највозбудливиот двоец на денс сцената уште од појавата на Disclosure”, додека круната на досегашниот успех беше номинацијата на минатогодишните „Греми“ награди за најдобра денс нумера, иако во тој момент немаа објавено албум или ЕП издание!

Како бројните успешни состави од Њујорк, така и Sofi Tukker имаат крајно препознатлив и модерен звук, кој во нивниот случај е инспириран од музиката од ’90-тите, од џангл-поп вибрациите, до заразни хаус, афро и латино ритми. За нивниот уметнички израз Sophie вели: „Правењето музика е спиритуална работа. Сѐ е во апсорпцијата на ритамот и вибрациите“, додека другата половина од бендот, DJ Tucker Halpern, наведува дека целта на нивниот прв сингл била публиката да се изгуби во репетитивноста на зборовите и во движењата на телото, создавајќи своевидна шаманска атмосфера, која идеално ќе се вклопи во следното издание на EXIT фестивал кој се одржува под темата „племе“ (EXIT Tribe).

Преданоста со која Sofi Tukker ја креираат ворлд музиката со денс и техно призвук е во самата срж на нивното творештво. Нивната естетика се огледува токму во разновидноста, како што е контрастот на бонго иструментот со гитарските делници. Од самиот почеток на сите им дадоа до знаење дека не се плашат да експериментираат, па Sophie Hawley-Ward, пејачката на бендот, нивниот сингл првенец „Drinkee“ го отпеа на португалски, а тандемот со причина беше уверен дека ќе ја прескокне јазичната бариера и ќе и се допадне на разиграната публика, бидејќи споменатиот сингл ги направи препознатливи во хаус круговите. Набргу следуваше и првото ЕП издание под насловот „Soft Animals“, а по мегапопуларниот сингл „Best Friend“, го објавија и албумот првенец „Treehouse“, кој критичарите го оценија како живописно издание со експлозија од разиграност, искреност и позитивна енергија.

Во продажба се влезниците за EXIT со 55% попуст!
Во моментов во продажба е ограничен контингент комплет EXIT билети по цена од  3.580 ДЕНАРИ, што претставува високи 55% заштеда во однос на финалната цена! Цената на билетите за првиот фестивалски ден, кога настапуваат The Cure, изнесува 1.675 денари за ПАРТЕР. За истиот ден, во продажба се и влезници за ФАН ПИТ по цена од 2.495 денари, како и ГОЛД ВИП дневни влезници за 4-ти јули по 6.515 денари. Влезниците за EXIT можете да ги набавите преку официјалната страница на Exitfest.org.

Strugaonline

Facebook Коментари