Италија и светот потресени од смртта на фудбалерот Давиде Астори

- Свет
855

Италија, но и целот свет  вчера беше потресен од веста  за смртта на фудбалерот на Фиорентина, Давиде Астори.

Дефанзивецот починал во хотелот во Удине, каде што вчера требаше неговиот тим да гостува кај тимот на Удинезе во натпревар од италијанската Серија А.

– Длабоко вознемирени известуваме дека капитенот Давиде Астори почина, соопштија од тимот.

Aстори е роден на роден на 7 јануари 1987 во Сан Џовани Бјанко

Својата младинска фудбалска кариера ја започнал во екипата на Понтисола. Во периодот од 2006 до 2008 година бил член на ФК Милан, за кој не одиграл ниту еден натпревар, за да во 2008 година потпипше за ФК Каљари Калчо. За Каљари имал 174 настапи и постигнал три погодоци. Во ФК Рома настапувал сезоната 2014-2015, по кое се преселил во ФК Фјорентина.

Астори своето меѓународно деби за Италија го направил во 2011 и ја претставувал својата земја 14 пати, постигнувајќи еден гол.

Првичните информации говорат дека причината за смртта бил срцев удар.

Facebook Коментари