Eye Cue не се пласираа во големото евровизиско финале во Лисабон

- Забава
1021

Eye Cue со песната „Lost and found“ не успеаа да се пласираат во  во финалето на 63. Избор на песна на Евровизија 2018 во Лисабон каде што синоќа настапија на првата полуфинална вечер.

 

Десетте финалисти од 19 земји кои учествуваа во првото полуфинале се: Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска. Овие земји беа  избрани со гласови добиени по пат на 15-минутен телевоутинг на ТВ-публиката и од стручни жирија на земјите што учествуваа.

На споменатите финалисти, во  сабота ќе им се придружат уште 10 финалисти кои ќе бидат избрани утревечер на второто полуфинале во кое ќе настапат изведувачи од 18 земји.

Република Македонија шеста година по ред  не успева да влезе во евровизиско финале.  Последен пат тоа ни успеа во  2012 година во Баку со песната „Црно и бело“ кога наш претставник беше Калиопи.

Strugaonline

Facebook Коментари