Гимназијалците од „Св. Климент Охридски“ во Охрид организираат „Предновогодишна филмовизија“

- Забава
892

Учениците од завршните класови во  гимназија „Св. Климент Охридски“ во Охрид   подготвуваат хуманитарен настан во пресрет на новогодишните празници. Станува збор за предновогодишниот хуманитарен спектакл, концерт кој ќе ве внесе во светот на филмската музика со креативен наслов „Предновогодишна филмовизија“ .

Хуманитарната забава ќе се одржи на 25-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот, a ќе трае до 23:00 часот.

Цената на влезниците изнесува 100 денари, присутните ќе имаат можност да уживаат во настапот на „Бесниот бенд“,кој ќе изведе 20 познати филмски  композиции. Гимназијалците овој настан го организираат под менторство на професорот Стефан Каневче и порачуваат: „Ние не сме професионалци, ние сме ГИМНАЗИЈАЛЦИ!“

Strugaonline

Facebook Коментари