Отвореното ракометно игралиште во Струга именувано во Горан Попоски-Бабец

- Локални, Спорт
1588

Во текот на вчерашниот трет ден од четириесет и седмото издание на Меѓународниот турнир „Струга 2019“ во 20:30 часот се одигра ревијалниот натпревар помеѓу Ветерани Струга и Ветерани Македонија, каде одиграа нерешено со резултат 15:15.

На почеток од натпреварот свое обраќање имаше претседателот на РК Струга, Наумче Мојсоски:

– Овој ракометен турнир е создаден по прерано заминатиот ракометар на РК Струга, Вангел Баљукоски-Баљук, почитувајќи ја таа традиција на струшките спортски работници и во консултација со управниот одбор на РК Струга, во чест на ракометарот кој има одиграно најмногу натпревари во дресот на РК Струга и е еден од најдобрите стрелци во историјата на РК Струга, бестрашниот пивотмен, младински и сениорски репрезентативец, голем љубител и поддржувач на спортот и ракометот, го именувам ова ракометно игралиште во чест на најголемата струшка ракометна легенда ГОРАН ПОПОСКИ-БАБЕЦ.

Плакатата ја прими синот на Горан Попоски-Бабец, – Јаков Попоски.

Извор и фото: StrugaOnline

Facebook Коментари