Време: За викенд следува топло време со високи температури

- Македонија
574

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и умерен северозападен ветер. Во планинските подрачја е можен слаб локален дожд. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 22 до 34 степени. Во сабота ќе преовладува сончево и потопло време со максимални 37 степени, во недела кон крајот на денот ќе има услови за нестабилност со пороен локален дожд и грмежи, а максималната температура ќе го достигне 38-от степен.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари