Meшков Брест убедливо го совлада Металург во Скопје

- Спорт
699

Металург и Мешков Брест одиграа натпревар во рамките на 11-тото коло на СЕХА-лигата, последно наше домашно претставување за 2018 година. Средбата Металург ја одигра  во СЦ “Јане Сандански“, а заврши со победа на фаворизираната екипа на белорускиот шампион, со резултат 28:34 (13:16).

Иако досегашните гостински натпревари Мешков Брест ги одигра со комбиниран состав, овој пат Белорусите немаа право на грешка и допатуваа со својот најсилен состав, во обид да фатат приклучок во борбата за позиција која обезбедува настап на фајналфорот на лигата.

Натпреварот почна лошо за младите ракометари на Металург, кои до средината на првото полувреме им дозволија на гостите да поведат со безбедни четири гола разлика, 4:8 и 5:9. Металург имаше лоша реализација на која и “кумуваше“ сигурниот гостински голман Пешиќ, а не се истакнаа ниту во одбраната, која не успеа да ги сопре напаѓачите на Мешков. Во втората половина од првото полувреме Металург конечно заигра поинвентивно и успеа да стигне на само гол негатива, 9:10. Сепак, Мешков Брест до одмор обезбеди позитива од три гола, 13:16.

Металург одигра добро во првата половина на второто полувреме во која беше апсолутно рамноправен, а на моменти и подобар. Но, кризата не стигна во последните десетина минути, кога противникот успеа да се одлепи на денеска максималните +7. Конечниот резултат од овој натпревар е 28:34 во полза на нашиот денешен противник.

До крајот на годината Металург ќе одигра уште само две средби, двете во рамките на СЕХА-лигата и двете на гостински терен. На 16 декември и гостуваме на екипата на Нексе, а два дена подоцна ќе не нагости екипата на Извиѓач.

.

РК Металург – Мешков Брест   28:34 (13:16)

РК Металург: Даниловски (5 одбрани), Томовски (5 одбрани), Јагуриновски 2/7, Лазаревски 1/1, Димитриоски, Токиќ 2/3, Шилегов 1/2, Танкоски 1/2, Серафимов 4/6, Шпенде 4/6, Рибеиро 8/11, Пучник, Миличевиќ 0/1, Маџовски 1/2, Стојановиќ и Арсеновски 4/4.   Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 4 мин.

Мешков Брест: Пешиќ (6 одб.), Корсак (1 одб.), Потеко 3/3, Ивиќ 10/10, Пилијук 1/1, Разгор 1/1, Мочалов 0/2, Обрановиќ 1/1, Дарафејеу, Ѓукиќ 8/14, Лашчакоу, Ѓорѓиќ 10/17 и Силко.   Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 4 мин.

Извор и фото: РК Металург

Facebook Коментари