Џудо клубот „Дрим“ ги унапредува своите знаења со помош на светски познати експерти

- Локални, Спорт
908

Помошникот тренер во Џудо Клуб “ДРИМ“ Струга, Андреј Чакаровски учествуваше на семинар за тренери наменет за техничко усовршување за работа со деца од 8 до 12 годишна возраст, под мотото „Унапреди го твојот клуб” предводен од светски познатиот експерт од Јапонија Г-дин Хироши Катаниши. На семинарот учествуваа над 170 тренери од цела Србија и регионот.

Семинарот претставува уште едно надоградување на џудото во нашиот град и вклучува значајно усовршување на движења. техники и фрлања.

Strugaonline

Facebook Коментари