Никола Кизиќ ќе ја брани мрежата на РК Струга во новата сезона

- Локални, Спорт
925

Голманот Никола Кизиќ во новата сезона ќе ја брани мрежата на РК Струга. Кизиќ до скоро беше дел од екипата на Вардар Јуниор и важи за голем талент кој сосема сигурно ќе има големо значење за нашата екипа.

Никола Кизиќ ќе формира дуо со Александар Стојаноски, голманот што одигра клучна улога во ланската мртва трка за пласман во Супер лигата.

За новата сезона Струга има уште две други засилувања и тоа:  Лексо Цицијашвили, вториот лев бек на Грузија и   Стефан Трпчевски, еден од најдобрите играчи во регуларниот дел од сезоната.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари